Повеќекратните шумски пожари продолжија да беснеат низ западна Турција веќе трет ден.
Над 131 шумски пожар избувнаа низ земјата изминатата недела, соопшти турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Повеќето од нив се ставени под контрола, но продолжуваат пет големи пожари во провинциите Измир, Ајдин, Маниса, Карабук и Болу.
Пожарникарите се справуваат со пожарите од копно и од воздух, а десетици авиони и стотици возила помагаат во одговорот за итни случаи.
Илјадници луѓе се евакуирани од погодените области, но за сега нема пријавени жртви соопшти турското министерот за земјоделство и шумарство.
Министерот Ибрахим Јумакли, кој беше во обиколка на погодените провинции рече дека ниската влажност, силните ветрови и високите температури се дополнителни фактори кои ја влошуваат состојбата.
Меѓувреме, властите приведоа четири лица во Болу во врска со пожарите, од кои двајца беа уапсени, а другите двајца пуштени на условна казна.