Вести Свет

(ФОТО) Најмалку 18 загинати по израелски напад врз Заваида во центарот на Газа

Во израелски напад врз центарот на Газа рано утрово загинаа најмалку 18 лица, вклучително и 15 члено семејство, соопштија болничките власти.

Според официјални лица од болницата Ал Акса, каде што се пренесени жртвите, нападот погодил куќа и соседен магацин во кој се сместени раселените луѓе на влезот од градот Заваида.

Меѓу загинатите има и продавач на месо, неговите две сопруги, 11 од нивните деца, чија возраст се движи од две до 22 години, стои во списокот на смртни случаи што го обезбеди болницата.

Во нападот загинале и бабата на децата и уште тројца роднини.

Трговецот со месо е идентификуван како Сами Џавад ал-Агалах, кој претходно се координирал со израелската војска да донесе месо во Газа.

Имаше повеќе од 40 цивили, вклучително и многу жени и деца кои беа засолнети во куќата и во магацинот што беше срамнет со земја во нападот, изјави сосед кој кој се здобил со полесни повреди во нападот.

„Абу Џавад е познат трговец на големо кој носи месо и риба од внатрешноста на Израел. Тој е познат во Израел“, рече тој додека луѓето и булдожерот ги пребаруваа и отстрануваа урнатините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе