Вести Свет

Украинците, охрабрени од успехот во Курск, се обиделе да навлезат и во Белгород, но претрпеле тешки загуби

11-ти ден од почетокот на украинскиот продор во рускиот регион Курск, напредувањето на украинските единици продолжува со забавено, но стабилно темпо. Веќе неколку денови успеваат да заземаат помеѓу еден до два километри, и во моментов контролираат повеќе од 80 населени места.

Показател за успешноста на оваа украинска операција е назначувањето на воен гувернер на окупираната област од Курс, кој ќе се грижи за потребите на цивилното население. Украинскиот претседател изјави дека го заземале градот Суџа, и дополнително го зголемиле бројот на руски заробеници.

Генералот Сирски извести за комплетирањето на ослободувањето на градот Суџа од руската армија, и таму ќе се отвори канцеларија на украинската воена команда. Ослободени се уште неколку населби, вкупно, се повеќе од 80, изјави зеленски.

Руската армија засега не успева да го запре напредокот на Украинците, главно затоа што во регионот набрзина беа распоредени недоволно подготвени резервисти.

Синоќа Пентагон соопшти дека раздвижување на руските единици во Донбас, што може да значи дека некои од нив се повлекуваат од фронтот за да бидат распоредени во Курск.

Значи забележавме дека некои руски единици се повлекуваат од операците во Украина кон регионот на Курск. Ова се рани извештаи. Значи, не можам со сигурност да ги кажам бројките, или нивната цел, но забележавме придвижување, изјави заменик прес секретарот на Пентагон, Сабрина Синг.

Една недела по почетокот на офанзивата во Курск, Украинците се обиделе да продрат и во регионот на Белгород, но таму наишле на многу подобро организиран руски отпор и претрпеле тешки загуби. Токму овој обид за навлегување во Белгород беше причина Русија вчера да прогласи вонредна состојба во регионот, но без да признае дека украински копнени сили навлегле и во втор руски регион.

Со намера да избегне нов украински продор во слабо обезбедуван дел од границата, Русија формираше комисија за координација на одбраната на трите соседни погранични региони, Белгород, Бријанск и Курск.

Целта е да се подобри ефикасноста на сеопфатното снабдување на војската која извршува задачи за обезбедување на државната граница и одбрана на териториите и населението во овие региони, изјави рускиот министер за одбрана Андреј белоусов.

Претходно Кремљ обвини дека во планирањето на украинската офанзива во Курск директно учествувал и НАТО, иако од Белата куќа вчера соопштија дека Киев не ги информирал за операцијата.

Додека фокусот е насочен кон Курск, украинските сили се во незавидна ситуација во Донбас, каде веќе некое време се принудени да отстапуваат пред Русите. Украинските позиции се дополнително ослабени, затоа што токму од овој дел од фронтот биле повлечени дел од единиците кои сега учествуваат во офанзивата во Курск.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе