Вести Македонија Најважни

Пожарот во Пехчево опколен од три страни, беснеат пожари во три национални паркови

Националните паркови во пламен. По, Јасен, и Галичица, пожар беснее и во Мавровско. Резерватот Јасен го гасне и армијата, а во 20-ти ден, стивнува, па се разгорува.

Националниот парк Галичица гори од двете страни. Гаснењето на овој пожар дополнително е отежнато поради детонации на неексплодирани минско-експлозивни средства, остатоци од поранешни војни. Освен војската, локалните територијални противпожарни единици и ЦУК и ДСЗ, и багерите на Бехтел и Енка напомош.

Во Маврово ријат заштитни појаси. Кој гаси знаеме, но кој пали треба да се фати и казни построго, претпочита директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Ако се погледне непристапноста на теренот и отсуство на жители, нема сомнеж дека пожарите се подметнати.

Пожарот кај Општина Пехчево вчера беше ставен под целосна контрола, а утрово одново букна. Заокружен е од три страни и нема можност да избега затоа што од четвртата страна има помала река која би го спречила неговото движење и затоа сметам дека имаме добра контрола врз овој пожар иако со вакви пожари никогаш не можеме да бидеме начисто, извести Ангелов.

Авијацијата не мирува, странската помош и домашните воздухоплови од утрово во прелети. Најпотребни се во кочанско, а пешадијата на терен во околијата  на Македонски брод.

Според податоците на ЦУК, под контрола се пожарите помеѓу Демир Хисар и Охрид, како и оние во општините Чашка, Делчево, Липково и Кочани каде горат депонии.

Иако се работи за депонии имаме негативно искуство затоа што нивното гасење е исклучително комплицирано, вели Анеглов кој потести дека во неколку месечната битка искуството на службите е дека пожарите што навидум изгледаат беззначајни за миг можат да се претворат во големи и страшни шумски пожари.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе