Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен и дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 23°C, а максималната од 34 до 41°C.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 9.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
13 Берово, Лазарополе, 15 Маврови Анови, 16 Крива Паланка, Битола, Тетово, 17 Попова Шапка, 18 Скопје-Петровец, Струмица, Охрид, Прилеп, Претор, 19 Велес, Дебар, Крушево, Куманово, Гевгелија, 20 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Штип, Кавадарци, 22 Виница
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 25.0, Преспанско Езеро 23.0, Дојранско Езеро 28.0
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/