Вести Македонија Топ вести

Собранието го направи првиот чекор кон укинување на онлајн коцкањето

Законодавната правна комисија утврди дека барањето на парламентарната група на Коалицијата Вреди за автентично толкување на Законот за игри на среќа е оправдано. Со тоа, како што веќе објави Телма, се доведуваат во прашање сите лиценци за коцкање преку интернет.

Ако пратениците изгласаат автентично толкување, може целосно да се укине онлајн коцкањето.

Во моментов пет фирми организираат игри на среќа преку интернет. Едната е Државата лотарија, а во останатите четири фирми Државната лотарија поседува по 51 отсто од капиталот.

Коцкање преку интернет со години организира Новата државна видеолотарија, која е во косопственост со Казинос Аустриа, а на почетокот на годинава Државната лотарија отвори уште три фирми – едната во партнерство со бугарската Телематик Интерактив, едната со српски Моцарт и едната со црногорски Везув. Во новите фирми, Државната лотарија ја инвестира лиценцата за приредување игри на среќа на интернет, а странските партнери по над 2 милиони евра за оперативни трошоци.

Министерството за финансии се сомнева дека никој од нив нема валидна лиценца за приредување игри на среќа на интернет, па тоа треба да го утврдат пратениците со автентично толкување на законот.

Според законот, коцкање преку интернет смее да организира само Државната лотарија или друга фирма каде што Државната лотарија е мнозински сопственик. Во законот е предвидено дека Државната лотарија смее да организира коцкање преку интернет до 1 јануари 2017 година, a а потоа треба да извади лиценца.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе успееме ли овој пат енергетски да се поврземе со Албанија?

Дејан Дејан

Може да завршиш како Садам Хусеин – израелскиот министер за одрбана со порака до Хамнеи

Дејан Дејан

Мојсоска: Собранието ќе мора да ги обелодени патните трошоци на пратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе