Вести Економија Топ вести

Кочоска: Кредитите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат, со кредиторите може да се разговара само за нов заем

Да се пренаменат парите од пругата кон Бугарија за други проекти  нема да може, трвди министерката за финансии Кочоска.  Изминативе денови  премиерот Мицкоски зборуваше дека нема намера да  потроши 550 милиони евра за пруга која завршува во слепа улица и смета дека средствата треба да се употребат за други работи. Ја спомена модернизацијата на Коридорот 10. На иста линија е и министерот за транспорт Николовски.

Кочоска пак тврди дека со кредиторите може да се зборува само за нов заем, но не и за пренамена на средствата за железницата.

-Ги слушам изјавите но не е така. Вие кога барате наменски кредит не може за друго да го користите. Исто е и во овој случај. Може само да ги замолиме да ги резервираат парите и да аплицираме за нов заем, но да се пренаменат не може, изјави на брифинг со новинарите министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска

Веќе имало и средба со Европската инвестициска банка каде што биле  на маса ставени сите аргументи зошто пругата кон Бугарија не треба да се гради.

Тоа е траса од Драч во Албанија до Бургас во Бугарија. Хипотетички ќе ја направиме но што добиваме економски. Од Европската инвестициска банка ми кажуваат дека е тоа НАТО аспект. Но јас ги прашав дали НАТО и ЕУ ќе не сакаат ако банкротираме. Имаме проблем со пругата кон Солун која е многу поважна за нашето стопанство, додаде Кочоска 

За третата фаза од железничкиот Коридор 8,  од Крива Паланка до границата со Бугарија обезбедени се 560 милиони евра. 350 милион евра се од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан земен е грант од 150 милиони евра. А од ИПА 2 програмата 60, 7 милиони евра.

Според, познавачите пренамена е практично невозможно од повеќе причини. Прво пругата е дел од Примарната карта на европските  транспортни коридори на Европската Унија.  Со било какво поместување на парите  за секогаш ќе пропаднат средствата од ИПА програмата.

Откажувањето од проектот  ќе значи неизвесност и за можна изградба и потенцијално финансирање од европски пари и на пругата кон Албанија. Дополнително отежнувачка околност за Владата е и тоа што коридорот 8 е дел од таканаречениот НАТО Коридор за мобилност. Првиот меѓународен документ потпишан од оваа Влада беше токму писмото за намери што на Самитот на НАТО во Вашингтон, министерот Владо Мисајловски го потпиша со неговите колеги од Италија, Албанија и Бугарија.

За пругата кон Бугарија може да се каже дека станува збор за децениски проект. За реализацијата постојано се зборува, но крајот на проектот никако да се види.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе