Вести Македонија

Охридската полиција му поднела кривична пријава на поранешниот министер Крешник Бектеши за дело поврзано со избори, во билтенот МВР не посочува дека функционер е осомничен

Во билтенот на МВР во кој се нотираат покарактеристични кривични дела и се објавува секој ден, за 25.07.2024, некаде на 20-тата позиција во документот е посочено дека 39-годишен кичевчанец е осомничен за дело “попречување на правдата”, извршено ден пред парламентарните избори.

Всушност зад иницијалите К.Б. се крие министер на функција во тој период. МВР не посочило дека за ова сериозно дело извршено кон полициски началник гонат поранешен висок функционер односно министер.

Три дена подоцна е откриено дека осомничениот е екс министерот Крешник Бектеши.

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој според полицијата упатувал пораки на полициски началник од Охрид, а поврзано со полициски активности по пријавени сомнежи за изборни нерегуларности. Полицијата проверувала наводи за злоупотреба на лични податоци односно за прибирање податоци од избирачи, а началникот добил порака од министерот Бектеши.

Три и пол месеци подоцна МВР поднесува кривична пријава за Бектеши и тоа за тешко дело за кое е запретена минимална казна од 1 година затвор, а максималната, во зависност од тежината на делото и последиците може да биде до 5, 10 или повеќе години затвпр или дури и доживотен затвор (во случај да има жртви поради извршено попречување на правдата).

Во продолжение извадокот од дневниот билтен на МВР

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик.

СДСM: Фирма поврзана со министерката Божиновска направила долг за неплатена струја од околу милиони евра кон МЕПСО

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе