Вести Свет

Орбан: Украина никогаш нема да стане членка на ЕУ и НАТО, Eвропјаните немаат пари за тоа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека руското раководство е „хипер рационално“ и оти Украина никогаш нема да може да ги исполни своите надежи да стане членка на Европската Унија (ЕУ) и на НАТО.

Орбан изнесе предвидување дека глобалната моќ ќе биде поместена од „ирационалниот“ Запад кон Азија и Русија.

„Во наредните долги децении, можеби и векови, Азија ќе биде доминантен центар на светот“, рече Орбан, алудирајчи на Индија, Кина, Пакистан и Индонезија како идни големи светски сили.

Обраќајќи се пред етничките Унгарци на фестивал во Баиле Туснад во соседна Романија, Орбан рече дека за разлика од „слабостите“ на Западот, позицијата на Русија во глобалните работи е рационална и предвидлива, велејќи дека земјата покажала економска флексибилност во прилагодување кон западните санкции.

Порача дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО и на ЕУ, бидејќи Европјаните немаат пари за такво нешто.

„Европската Унија треба да се откаже од својот идентитет како политички проект и да се трансформира во економски и одбранбен“, заклучи Орбан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе