Најмалку 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во израелски воздушен напад врз училиште во централна Газа, соопшти министерство за здравство во палестинската енклава.
„Си-Ен-Ен“ објави дека целта на израелскиот напад бил уништување на команден и контролен центар на Хамас. Портпаролот на болницата „Мачениците на Ал Акса“ изјави дека најголем број од жртвите биле жени и деца.
Според палестинската цивилна одбрана, во училиштето биле сместени над 4.000 раселени лица.
Воздушниот напад следуваше по повикот на израелската војска за евакуација на локалното население, јужно кон Јан Јунис.