Вести Свет

Во Грција годишно се регистрираат околу 360 давења во вода, од кои 98 отсто во море

Секоја година во Грција околу 360 луѓе ги губат животите во вода, а 98 отсто од нив се давења во море, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) по повод светски ден за превенција од давење.

Според податоците од 2023 година, 68 проценти од смртните случаи се на плажи на кои не постои спасувач, што, како што истакнуваат од ЕОДИ, „ја покажува големата важност плажите да имаат спасувачи“.

Во изминатите пет години, месец со најмногу давења е јули, а потоа следува август, додека времето од денот кога се случуваат најмногу давења е помеѓу 12 и 13 часот.

Од почетокот на годинава, заклучно до 23 јули 2024 година биле регистрирани 215 несреќи со смртни последици во море, од кои 98 во текот на јули.

Како главни причини за давење се наведуваат недостиг на надзор на децата, немање ограда во базените, консумирање алкохол, игнорирање на временската прогноза, неправилно користење елеци за спасување и заштитна опрема во активностите на вода, но и тоа што некои не знаат да пливаат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе