Вести Македонија Топ вести

„Потера“ на власта по внуците на Али Ахмети – пријава само за 27.000 евра, за милионите се чека помош од САД

Од Америка сè уште нема одговор на барањето за правна помош во предистрагата за „Соравиа“ и за Дрин Ахмети, ни одговорија денеска од обвинителството, откако КОД на Телма пред две недели објави дека од Далас во Тексас во два наврати во март и април стигнале четири и пол милиони долари на сметка на фирмата „Тхор“ на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети. Парите ги уплатил сопственикот на стриптиз бар со потекло од Ресен, Ник Назар Мехмети, кој и лани уплатил три милиони евра. Предистрагата ги проверува трансакциите кои се движеле кон Австрија каде е и сопственикот на деловниот центар „Соравиа“.

Од друга страна, МВР поднесе кривична пријава според која Дрин Ахмети и неговиот брат Бесиан Ахмети, дипломат во Брисел, се осомничени за неплаќање на концесиии за ископ на минерални суровини во вредност од 27.000 евра.

Денеска од ВМРО-ДПМНЕ потсетија на детали од пријавата со која се опфатени и осомничени и петмина вработени во министерството за економија и во Инспекторат за техничка инспекција, затоа што не го контролирале плаќањето на концесијата од страна на фирмата „Еверест ЏД“, браќата кои се внуци на лидерот на ДУИ.

Потсетија дека лиценцата, фирмата „Еверест“ ја добила 2005-та кога исто владееја заедно СДСМ и ДУИ. Потоа фирмата работела и во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за што се однесува и дел од пријавата. Пратеникот Миле Лефков порача дека треба да има одговорност за она што е сторено од внуците на лидерот ДУИ.

Но, Лефков доби демант токму од Дрин Ахмети кој тврди дека плаќал концесии и ги испрати сите уплатници на фирмата „Еверест“. Внукот на Ахмети побара МВР да ги провери наводите на нивната истрага и порача дека „лажните тврдења прават штета на компанијата и на неговиот личен углед.“

„Во однос на изнесените невистини од страна на г-дин Лефков, би сакале да ги демантираме информациите кои беа пласирани на двете прес-конференции во врска со неплаќањето на концесискиот надоместок. Во прилог на овој Демант, ги споделуваме сите уплати кои друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје ги има направено за периодот од 2016 до 2024 година, по основ на концесиски надомест за простор и експлоатација“, се наведува во демантот на Дрин Ахмеди, управител на „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје. 

Додека за Дрин се активни предистраги за „Соравиа“, во Брисел сè уште прв секретар на амбасадата во Белгија е неговиот брат Бесиан Ахмети кој, исто така, е осомничен. Телма веќе објави дека новиот министер за економија побарал МНР да го врати назад, бидејќи тој номинално е вработен во тоа Министерство. Не покажал резултати, а сега бидејќи е во сектор за минерални суровини ќе биде испратен на работа во новото министерство за енергетика.

Обвинителството потврди дека отворило предмет и проверува наводи од кривичната пријава која е прва за членови на семејството на Али Ахмети.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе