Вести Свет

Леопардите ветени од Данска и Холандија ќе пристигнат во Украина до крајот на летото

Пред крајот на летото на Украина ќе и бидат доставени 14 обновени тенкови „Леопард 2“ од германско производство, кои и беа ветени од Данска и Холандија минатата година, изјави денеска холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.

На Киев итно му е потребна поголема воена поддршка, со оглед на тешките борби на бојното поле. Тие тенкови можат да играат важна улога во овозможувањето на украинската армија да се брани од руските сили, рече Брекелманс.

Минатата година Данска и Холандија најавија купување на тие тенкови за 165 милиони евра, а во последните месеци тие се обновени и тестирани, соопшти холандската Влада.

Вчера и денеска последните два ‘Леопард 2’ се подложени на верификациски тестови. Сите 14 тенкови ќе бидат испорачани истовремено пред крајот на летото, изјави холандскиот министер.

Германија, Холандија и Данска лани и ветија на Украина „најмалку“ 100 тенкови од стариот модел „Леопард 1 А5“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе