Вести Свет

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички напади

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални „терористички напади“ врз нејзините спортисти и туристи од терористички групи поддржани од Иран за време на Олимписките игри во Париз.

Некои луѓе се обидуваат да му наштетат на овој радосен настан. Во моментов имаме проценки за потенцијални закани од ирански терористички групи и други терористички организации кои имаат за цел да извршат терористички напади врз членовите на израелската делегација и израелските туристи за време на Олимписките игри, ѝ напиша израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, на својот француски колега Стефан Сежурн.

Франција воведе обемен безбедносен систем за гарантирање на безбедноста за време на Олимпијадата од 26 јули до 11 август.

Сите израелски спортисти кои ќе учествуваат на Олимпијадата, која официјално почнува утре, ќе имаат 24-часовно лично обезбедување од елитната француска полиција, како во олимпиското село, така и кога ќе го напуштат кампусот.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах и францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот го отфрлија палестинското барање на Израел да му се забрани да учествува на Олимпијадата поради војната во Газа.

Палестинскиот олимписки комитет повика на забрана на израелските спортисти од Олимпијадата, велејќи дека бомбардирањето во Појасот Газа е кршење на олимпиското примирје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе