Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе ги извршува своите должности до крајот на мандатот и притоа ги наведе главните приоритети на кои ќе се фокусира.
Како што порача во обраќањето до нацијата, тој ќе работи на намалување на цените, на заштита на личните слободи, на ограничување на пристапот до огнено оружје, но и на завршување на војната во Газа и „запирање на рускиот претседател Владимир Путин во Украина“.
„Ќе продолжиме со коалицијата на горди нации да го запреме Путин додека се обидува да ја преземе Украина“, порача американскиот претседател.