Вести Свет

Аеродромот во Сплит во хаос хакери го парализираа системот, откажани летовите на патниците!

Помошникот на директорот на сплитскиот аеродром Перо Билас денеска изјави дека ИТ системот на аеродромот синоќа бил нападнат од хакери.

-Причината за вчерашното нефункционирање на ИТ системот на аеродромот Св. Јеорним е хакерски напад, рече Билас. Тој нагласи дека во тој настан се вклучени сите надлежни служби. Стручните служби интензивно работат на отстранување на последиците од овој напад. Во контакт сме со сите авиокомпании и заедно бараме алтернативни решенија. Ги молиме сите патници за трпение, рече Билас.

Нападот бил извршен синоќа околу 19:30 часот и притоа не функционирал системот за одобрување полетувања и слетувања на аеродромот. Ситуацијата почна да се нормализира околу 22 часот и 30 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе