Тројца мажи се убиени, а уште најмалку шест се ранети во пукање на собир во Западна Филаделфија, соопштија властите.
Полицијата информираше дека повеќе од 100 луѓе биле присутни во населбата Керол Парк за време на пукањето нешто по 2 часот по локално време.
Во соопштението се додава дека прелиминарните информации што ги собрале укажуваат на „размена на оган меѓу неколку страни“ и дека биле пронајдени чаури за муниција од неколку калибри.
Еден 33 годишен маж е смртно застрелан на местото на инцидентот, а други двајца на возраст од 23 и 29 години им подлегнале на повредите во болница.
Повредени се една девојка (26) и пет мажи на возраст од 27 до 30 години, но се во стабилна состојба, соопшти властите.
Мажот, кој починал на местото на настанот, бил застрелан од непосредна близина и се сомнева дека бил главната цел.
Најмалку еден пиштол е пронајден, а полицијата ги пребарува камерите за надзор.
Засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент.