Вести Свет

Трамп го одржа првиот митинг по обидот за атентат

Републиканецот Доналд Трамп го одржува својот прв јавен предизборен митинг откако беше повреден во обид за атентат.

„Тоа беше точно пред една недела, дури до час, дури и до минута“, рече Трамп, размислувајќи за пукањето во Пенсилванија на 13 јули, кое го остави со раскрвавено уво, уби еден приврзаник во толпата и остави уште двајца повредени.

 

„Стојам пред вас само со милоста на семоќниот Бог“, рече тој, а белата газа на неговото уво сега беше заменета со завој во боја на кожа.

На Трамп му се придружи сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс на првиот заеднички настан на парот откако беа номинирани од републиканците на републиканската национална конвенција во Милвоки.

Мичиген е една од клучните држави кои се очекува да го одредат исходот од претседателските избори.

На митингот, Трамп најмногу зборуваше за пукањето, глумејќи како ја свртел главата кон картата на јужните гранични премини проектирани на џиновски екран, при што за „влакно“ го избегнал куршумот што го погодил во увото.

„На имиграцијата и го должам животот“, рече тој. “Вистина е.”

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе