Вести Свет

Хутите нападнаа трговски брод кој пловел под знамето на Либерија во Црвеното Море

Јеменските бунтовници Хути нападнаа контејнерски брод во Црвеното Море кој пловел под знамето на Либерија.

Нападот бил извршен во текот на вчерашниот ден и е последен во низата инциденти на клучниот поморски трговски пат.

Јахја Сари, воен портпарол на Хутите, информира дека нападите биле извршени од бродови со беспилотни лета, а бил отворен и ракетен оган во близина на брегот на Јемен.

Центарот за поморски трговски операции на Обединетото Кралство на британската војска соопшти дека има „мали оштетувања“ на бродот.

Заедничкиот поморски информативен центар, коалиција надгледувана од американската морнарица, го идентификуваше бродот како „Пумба“ и извести дека „сите членови на екипажот се безбедни“.

Меѓувреме, во саботата, Централната команда на САД соопшти дека нејзините сили уништиле еден дрон на Хутите.

Бунтовниците до сега отворија оган врз повеќе од 70 бродови со истрелување проектили и беспилотни летала во нивната кампања во која загинаа четворица морнари.

Запленија еден брод, а два потонаа од ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови шест земји на списокот на Трамп за повисоки царини

Дејан Дејан

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе