Вести Македонија

Жителите на Жилче бараат институциите итно да преземат мерки против „брзите“ возачи

Несовесни возачи возат со многу повеќе од дозволената брзина во населено место, се жалат жителите на тетовско Жилче. Стравуваат од сообраќајни несреќи, а особено се загрижени за безбедноста на нивните деца. Мештаните бараат од институциите да преземат мерки, а апелираат и до возачите да возат внимателно во рамки на дозволената брзина.

„Голем дел на возила – возачи поминуваат со зголемена брзина, значи многу повеќе од ограничената низ населено место, колку што е 40, поминуваат 60-80 километри на час. Особено загрижувачки фактор е што поминуваат товарни возила, камиони и моторцикли или скутери многу побрзо од дозволеното со што нашите да речеме најмали, нашите дечиња се изложени на опасност, вели жител на село Жилче.

Состојбата е слична во повеќето села во тетовскиот регион, особено на патиштата кои ги поврзуваат со соседните населени места. Но, брзо се вози и во градот и на автопатот.

„Нарочито во Милетино да дојдеш да видиш тоа, прав пат е, нема препрека Милетино – Челопек да има 30-40 да се вози никако може некој дете некој да настрада тоа треба 30-40 да се вози, а не 100, 120. И во град исто така“, раскажува жител на село Милетино.

Од полицијата велат дека имаат чести контроли за брзина, но кај возачите недостасува сообраќајна култура. Најчесто со радар се „ловат“ брзите возачи на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар.

„Овој прекршок е најчест на автопат, на отворено. Не се прилагодува брзината, тука проблемот е на возачите. Од наша страна секогаш се преземаат мерки во однос на овој прекршок .Ја немаме културата што би требало да ја имаме во сообраќајот“ изјава Камбер Бакији, заменик командир во ПС БПС Тетово.

Според статистиките на СВР Тетово во 2023 биле констатирани 1 660 прекршоци за брзина, додека во првата половина од оваа година 667 прекршоци. Меѓу санкционираните возачи има и такви кои се движат и со повеќе од 70 км на час над дозволената брзина.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лондон е против трговска војна со САД, Берлин и Париз бараат одлучен одговор од ЕУ

Дејан Дејан

Судот во БиХ распиша меѓународна потерница за Додик – се чека одобрување од Интерпол во Лион

Дејан Дејан

Нов чекор на Ереван за оддалечување од Москва – парламентот на Ерменија гласаше за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе