Вести Свет

Израелската политика на палестинските територии e нелегална

Меѓународниот суд на правдата во Хаг издаде мислење со кое ја класифицира политиката на Израел на палестинските територии како нелегална.

Станува збор за практиката на израелската политика на окупираните палестински територии, која трае уште од Шестдневната војна во 1967 година.

Судот, исто така, експлицитно го споменува Појасот Газа и условите за живот таму.

Според оваа институција Израел мора веднаш да ги прекине сите активности за населување и да ги евакуира сите доселеници од тие области.

Последен пат во 2016 година, во резолуцијата 2334, Советот за безбедност на ОН ги оцени овие населби како „еклатантно кршење“ на меѓународното право и го повика Израел веднаш да ги прекине сите активности за населување.

Според германската новинска агенција ДПА, на Западниот Брег и во Источен Ерусалим има вкупно 700.000 израелски доселеници, пренесува „Дојче веле“.

Мислењето на МСП не е правно обврзувачко.

Според судот, организацијата што го поднела барањето – во овој случај Генералното собрание на ОН – може да одлучи што да прави со резултатот.

Според Меѓународниот суд на правдата, ваквото мислење во секој случај има „голема правна и морална тежина “ и може да го зголеми политичкиот притисок врз Израел, особено во контекст на војната во Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови шест земји на списокот на Трамп за повисоки царини

Дејан Дејан

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе