Вести Најважни Свет

Аеродроми, банки, болници и медиуми ширум светот соочени со технички дефекти- блокирани се уредите на Windows

Бројни институции и компании ширум светот, како аеродроми, банки, болници и медиуми, пријавија технички дефекти што им предизвикуваат потешкотии во работењето.

Забележани се значителни проблеми на аеродромите во Австралија, Германија, Холандија и Шпанија. Голем број летови беа одложени и на патниците им беше препорачано да контактираат со нивните авиокомпании за најновите информации.

Скај њуз беше во прекин во Британија, а голем број европски авиокомпании и аеродроми исто така пријавија проблеми.

Водечките американски авиокомпании – Delta, United и American Airlines – ги прекинаа своите летови низ светот.

Хрватскиот министерот за транспорт Олег Бутковиќ изјави дека хрватската контрола на воздушниот сообраќај е исто така погодена од глобалните технички проблеми, пренесува Index.hr.

И дел од банкарскиот систем во Македонија е погоден од овој проблем, Телма бара потврда од надлежните.

Сите летови на неколку големи американски авиокомпани приземјени поради проблеми со комуникацијата

Како што пренесува Би-Би-Си, сè повеќе извештаи сугерираат дека компанија за сајбер безбедност наречена Crowdstrike, која произведува антивирусен софтвер, издаде ажурирање на софтверот што тргна наопаку и ги блокираше уредите со Windows. Ова предизвика феномен познат во ИТ како „синиот екран на смртта“ на компјутерите.

Од „Американ Ерлајнс“, најголемата авиокомпанија во светот по бројот на патници, изјавуваат за Би-Би-Си дека ги приземјила сите свои летови низ светот и дека е во контакт со сите летови кои моментално се во воздух. Се вели дека проблемите со ИТ се предизвикани од „технички проблем со Crowdstrike што влијае на повеќе оператори“.

Од авиокомпанијата велат дека работи со фирма за ИТ безбедност за да се реши проблемот што е можно поскоро. Американ ерлајнс превезува во просек по 578.000 патници дневно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе