Вести Македонија

Партиски препукувања за патувањето на синот на Мицкоски во САД

СДСМ бараат одговори од премиерот за неговиот син, дали на државен трошок ќе оди во САД. Од ВМРО – ДПМНЕ пак возвратија дека синот на Мицкоски не бил дел од официјалната делегација и сите трошоци се подмирени приватно од семејството.

– Универзитетот Џон Хопкинс на официјалниот профил на Твитер, објави фотографии од посетата на Мицкоски од САД каде според инфомрациите од медиумите, со него е неговиот постар син. Мицкоски мора итно да ја информира јавноста дали го носел синот во САД на државен трошок и да се произнесе околу целата ситуација. Мицкоски кој од самиот универзитет порача дека правото и правната држава за него се приоритет, очигледно решил тоа да важи за сите освен за него, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ бараат Владата да го објави списокот на сите членови на делегацијата кои патувале на државен трошок за  да се потврди или отфрли оваа информација.

– Изјава на Мицкоски нема да биде доволна. Владата најави отвореност и транспарентност, сега е шанса тоа да го покаже, се наведува во соопштението од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција посочува дека патувањето на синот на Мицкоски не ја чини државата ништо.

– Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација. Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека ефектите од патувањето на претседателот на Владата се повеќе од очигледни, посочувајќи на 20 средби со лидери на држави членки на НАТО, две инвестициски одлуки и специјалната економска соработка со Унгарија од 500 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Во ребалансот на буџетот е предвидено покачување на пензиите

Дејан Дејан

Периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, почнуваме да генерираме раст – Мицкоски за македонската економија

Дејан Дејан

Два автомобила со материјали и полициска придружба – транспорт на предметот за пожарот во „Пулс“ на пат од Кочани кон Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе