Вести Македонија

Кај ЕУ нема импровизација околу механизмите за владеење на правото кај земјите кандидатки

Вклучувањето на Македонија и останатите држави од Западен Балкан во механизмот за владеење на првото на ЕУ е голем пробив, но носи уште поголема одговорност и засилено темпо во спроведување на реформските процеси.

Ова е еден од заклучоците од денешната конференција посветена на инструментите за владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).

Македонија во септември ќе го добие првиот извештај за владеење на правото, откако влезе во механизмот кој вообичаено се користеше за земјите членки.

Од министерството за правда велат дека приоритетите и очекувањата на Унијата во однос на владеењето на правото се со забрзана динамика.

Хрватска доби пет препораки од Европската Унија, но тамошните експерти не се задоволни со брзината со која се спроведуваат.

За дел од експертите е клучно кој ќе биде идниот комесар за проширување на Унијата и државата од која доаѓа.

Владата има несогласувања со евроамбасадорот Гир околу реформите на Судскиот совет и Советот на Обвинители кои сака да ги распушти нешто што не се предвидува во реформската агенда за планот за раст каде е прецизрано дека основа за реформи е извештајот на оценската мисија на ЕУ.

Од исполнувањето на реформските процеси зависи кога и колку Македонија ќе добие од предвидените 700 милиони евра во планот за раст во следните три години.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе