Вести Економија Најважни

Работодавците апелираат да не се брза со покачување на минималната плата, синдикатите ако треба и со протести ќе си ги бараат 80-те евра

Станува се понеизвесно дали ќе има покачувањето на минималната плата од сегашните 367 на 450 евра  во првите 100 дена на новата Влада  како што бара Сојузот на синдикатите на Македонија.

Министерката за финансии Гордана Димитреска Кочовска, денеска не сакаше да зборува на оваа тема и  беше децидна дека  најпрво за прашањето треба да се изјасни министерот за економија Бесар Дурмиши.

Тој пак, кој деновиве најави дека за минималецот ќе се разговара на првата седница на Економско социјалниот совет,  иако не прецизираше кога ќе се одржи.

Премиерот Мицкоски вчера посочи дека  Буџетот е во лоша кондиција, но oд ССМ остануваат на ставот, наместо во март кога се прави корекција, минималната плата да се зголеми во септември за околу 80 евра.

Сметаме дека растот на платите треба да оди со забрзано темпо и токму поради тоа побаравме уште во првите 100 дена на новата влада, минимална плата да се зголеми на најмалку 450 евра, онолку колку што е приближно во земјите во регионот, за да не се доведеме во ситуација нашите квалификувани работници да заминуваат да работат таму, а ние да останеме без работна сила, велат од ССМ

Ваквото покачување е неприфатливо и за работодавачите, кои велат дека доколку се случи, тоа ќе биде политичка одлука, која предизвикува урамниловка и дестимулација на добрите работници.

Ние мислиме дека секое номинално или политичко покачување е штетно.Според законот за минимална плата таа се усогласува со цените на трошоците на живот и со  пораст на просечната плата и тоа е ок. Работодавачите или ќе мора да кратата од добрите работници за да ги покачат платите или ќе треба да ги покачат цените а тоа ќе предизвика инфлација, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачите.

СДСМ даде поддршка на барањето на ССМ и повикаа покачувањето на минималната плата да биде приоритет на оваа Влада.

Историјата не учи дека за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е приоритет покачување на минималната плата и грижа за оваа категорија работници, ниту пак дијалог со синдикатите. Седум години СДСМ обезбедуваше пари за плати во време на најголемите економски и здравствени кризи. ВМРО-ДПМНЕ единствено бара изговори за да ја смени политиката на покачувањe, се наведува во реакцијата на СДСМ.  

Веќе се навестува дека покачување на минималната плата во првите 100 дена на оваа Влада ќе биде тежок процес,а темата се префрла од еден во друг ресор. Додека работниците чекаат одговор дали  тоа  ќе се случи на есен, наместо во редовниот термин во март, сигурно е  дека ќе се обезбедат пари за повисоки пензии,  како и за финансирање на проекти на општините.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе