Вести Економија Најважни

Зголемувањето на минималецот на 450 евра „виси” – ќе се преговара, но во владината програма не се споменува

Неизвесно е дали во првите 100 дена од работата на новата Влада, ќе се зголеми минималната плата како што бараат синдикатите. Во програмата на Владата нема ништо за тоа. Новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска вети дека минималната плата ќе биде првата точка за која ќе се разговара на првата средба со синдикатите, но не прецизираше кога би се одржал тој состанок. Прво требало да се запознае со работата на новото министерство.

Од ССМ веќе неколку пати апелираа до новата Влада, наместо во март кога вообичаено се прави корекција, минималната плата од сегашните 367 евра да се зголеми на 450 евра најдоцна до крајот на септември. Велат дека во моментот во земјава има најнизок минималец во регионов, а граѓаните постојано се изложени на зголемени трошоци.

„Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 %. Работниците бараат достоинствен живот за себе и своите семејства. Бараат и очекуваат минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 денови на новата Влада, како гаранција за заштита на најранливата категорија на населението, како и за спречување на одливот на работната сила во Државите од регионот“, се вели во допсиот од ССМ

ССМ пресмета и дека на едно четиричлено семејство, за да го истурка месецот, му се потребни над 1.000 евра. Две минимални плати не се доволни за тие да се покријат.

Претходно, за да се ублажи ударот од инфлацијата се носеа мерки, но тие не беа доволни, затоа што цените пребрзо растеа. Последно, претходникот на министерот Дурмиши, Бектеши состави и листа на производи на кои маржата нема да им биде повисока од 10 отсто. Дали тука ќе има корекција Дурмиши рече дека за тоа ќе се разговара со коморите и ако има потреба ќе се направи.

Најави и ревизија во министерството за економија. На прашањето дали со тоа сака да провери како работел неговиот претходник, Дурмиши одговори дека треба да има ревизијата затоа што не била направена од 2015 година.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Тајланд, демонстрантите бараат оставка од премиерот

Дејан Дејан

Пет станови на Груевски на продажба и земјиште на Мијалков, вредни 3 и пол милиони евра

Дејан Дејан

Еден загинат, а 14 се ранети во руски напад во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе