Не можеме однапред да антиципираме и да кажеме кои проекти ќе поминат кај единиците за локална самоуправа. Повикот ќе биде до сите општини и точно ќе се знае секоја општина колку ја следува, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма и која најави пренамена на 100 милиони евра за општините со најавениот ребаланс на буџетот кој треба да заврши до крајот на јули.
„Вкупниот износ, тоа се 100 милиони евра кои што треба да ги пренамениме сега за општините, ќе ги поделиме со бројот на попишани жители на ниво на Македонија, кои што се со постојано живеалиште тука, ќе добиеме колку би било капитална инвестиција по глава на жител и помножено со бројот на жители во општината ќе добиеме секоја општина колку има право да користи. Знали, ние го лимитираме и правото на користење. Секоја општина во согласност со бројот на жители“, е формулата што ја објасни Димитриеска Кочоска за начинот на распределба на средствата кои ќе бидат наменети за општините со ребалансот на буџетот.
Понатаму, продолжи таа, „за општините ќе биде наведено кои проекти се прифатливи“. Како пример посочи водовод, канализација, детски градинки, итн.
„Тие ќе можат да аплицираат, притоа ќе мора да имаат завршена документација“, рече министерката за финансии.