Да се спречи изградба на објект од Г1 тешка загадувачка индустрија.
Со ова мото денеска пред општина Ново Село протестираа граѓански активисти, жители на подбеласичкиот регион, но и политичари, кои бараат општината да го запре градењето на објектт што се наоѓа во непосредна близина на влезот во село Смоларе и веднаш до река Струмица. Советникот од граѓанската иницијатива „Стига е“, Костадин Ристоманов, вели дека со месеци ги барал документите за оваа фабрика, но не ги добил. Тој и активистите се сигурни дека станува збор за фабрика што ќе предизвика сериозни загадувања.
Присутни беа и пратеници од Левица. Сметаат дека тешката индустрија може да биде проблем во близина на населени емста и плодно поле. Затоа рекоа дека ќе ги поддржат активистите во оваа битка и пред институциите.
Градоначалникот на Ново Село вели дека општината постапува согласно законите и дека одобренијата се издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде тврделе дека не станува збор за загадувачка индустрија.
Ставовите н активистите се дека во овој регион не треба да има индустриски капацитети од тешка индустрија бидејќи сакаат Беласица да биде заштитено подрачје, кое ќе носи туристи, а околината е со плодна и обработлива почва, па според нив големи се опасностите по здравјето и егзистенцијата на луѓето се големи.
Сузана Мицева