Вести Македонија Топ вести

Министерот за правда Филков ги поздравува изјавите на евроамбасадорот Гир и амбасадорката на САД Агелер за Судскиот совет

– Министерството за правда има подготвено нацрт верзија на Законот за Судски совет за кој веќе на ЕНЕР е дадено известување за процесот на подготовка на законското решение. Откако ќе се  финализира  од страна на експертската група, текстот на законот ќе биде прикачен на ЕНЕР при што сите заинтересирани ќе имаат можност да дадат свои мислења и забелешки. По ова, министерот за правда Игор Филков планира  да отвори широка и јавна  дебата во која ќе бидат слушнати мислењата на експертската јавноста со цел да се дојде до најдобро заедничко прифатливо решение.По завршување на целиот процест текстот на законот  ќе биде доставен на мислење на Европската комисија и Венецијанската комисија, информираат од министерството за Телма

Министерот за правда Игор Филков ги поздравува изјавите на евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Анџела Агелер изнесени во однос на статусот и функционирањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и очекува да се интензивира соработката во периодот кој претстои, додаваат од правда по вчерашната изјава на евроамбасадорот Гир дека распуштањето на судскиот и обвинителскиот совет значи мешање во судството и ќе предизвика сериозна загриженост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе