Вести Економија

Ќе си ги пуштиме нозете, колку што ни е долга чергата – Димитриеска Кочоска во „Вин-Вин“ за состојбата во буџетот

И премиерот, во старт,  додека ги гледавме бројките пред да влеземе во Влада, јасно ни беше каква е состојбата во буџетот. Во нашата програма, и сето она што досега е ветено, ништо не е ветено избрзано. Проверуваме уште еднаш, иако и кога сме ги ветувале работите, сме ги проверувале. Змачи проверуваме, па потоа ветуваме, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Ќе си ги пуштиме нозете, колку што ни е долга чергата“, рече таа.

Таа се смета како една од најблиските личности од доверба на премиерот Христијан Мицкоски. Вели верува дека претседателот на владата е единствен човек за кого верува дека секогаш ќе стои зад неа и, како што рече, „нема да се расправаме“.

„Во однос на другите министри, јасно ми е дека ако сум добра со нив, тогаш нешто не е во ред. И тие тоа го знаат, иако нормално е дека секој има некаква потреба од средства“, додаде Димитриеска Кочоска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе