Вести Економија

Ќе имаме зголемен процент на јавниот долг, БДП оваа година ќе биде меѓу 2,1 и 2,5 проценти, наместо проектираните 3,4 – „Вин-Вин“ интервју со министерката Димитриеска Кочоска

Податоците од првиот квартал, па и движењата до крајот на јуни, јасно покажуваат дека годинава нема да ја завршиме со проекцијата на бруто-домашниот производ од 3,4 проценти, туку би се движеле некаде меѓу 2,1 и 2,5 проценти. Барем врз основа на податоци со кои досега ние како министерство располагаме, порача Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Бидејќи нема простор каде да намалуваме на расходната страна, оти има многу расходи кои не биле планирани или износи. Сега ние ќе релоцираме дел од нив. Целта е да не ги менуваме износите планирани на расходите и на приходите, со цел во апсолутен износ, планираниот буџетски дефицит да не го менуваме. Меѓутоа, како процент од бруто-домашниот производ, секако, ќе имаме пораст на буџетскиот дефицит, кој најверојатно ќе биде поголем од 3,8 проценти. И поголемо загрижување кај јавниот долг, кој што како процент од бруто-домашниот производ ќе бележи поголем раст, зголемен процент на јавен долг, повеќе од тие 62,1 проценти. Сега имаме 62,1 процент на проектиран БДП од 3,4 проценти. Кога ќе го намалиме, јасно е дека тој долг ќе биде поголем“, објасни министерката за финансии.

Таа рече оти дала насоки во министерството за најреално прикажување на сите податоци, бидејќи, како што нагласи, „доста ни е веќе со нереални проекции, нереални планирања. Подобро да знаеме од каде почнуваме, колку е лошо, какви се бројките и потоа знаеме на што се фокусираме и што треба да подобруваме“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе