Вести Економија

Димитриеска Кочоска во „Вин-Вин“: Општините кои имаат готов и прифатлив проект ќе добијат средства, оние кои немаат, нема за што да добијат

Што е подобро или што е полошо, кажаа граѓаните на изборите. Формулата за распределба на пари за проекти на општините стои во нашата програма, а претседателот ја презентираше пред сите граѓани, вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Не можам да пресметам на 100 милиони евра колку ќе биде по глава на жител. Ние правевме пресметки за 250-те милиони, излегуваше некаде, мислам, 137 евра по глава на жител“, рече Димитриеска Кочоска.

Во проектот, нагласи министерката за финансии, ќе биде вклучено и министерството за локална самоуправа и, како што рече, „будно ќе набљудува“. Средствата, додаде Димитриеска Кочоска, се за проектите на општините за оваа година, проекти кои се веќе готови.

„Претпоставувам дека кај поголемите општини се завршени работите и тие ќе можат побрзо да изреагираат и да имаат готови проекти. Која општина има готов проект и е прифатлив, ќе си ги добие средствата. Оние кои што немаат, нема за што да им ги дадеме средствата. Ако нема проект, ќе аплицира наредната година“, појасни Димитриеска Кочоска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе