Вести Економија

Се крои и нова цена за парното, регулаторна ги доби барањата од компаниите за топлинска енергија

До крајот на месецов околу 60 илјади домаќинства ќе добијат и нова цена за парното греење. Од Регулаторната комисија за енергетика  за Телма потврдија дека компаниите за топлинска енергија, веќе ги доставиле своите барања до регулаторите. Но, допрва ќе ги разгледуваат нивните пресметките и ќе се види дали  бараат поскапување или не.

Првиот регулатор Бислимовски пред неколку дена  изјави дека е можно  за цената на парното граѓаните да добијат позитивни вести.

-Јас мислам дека ќе имаме позитивна одлука за  буџетот на граѓаните во делот на топлинската енергија, вели претседател на РКЕ, Марко Бислимовски 

Од друга страна пак сите три фирми на ЕСМ, за снабдување, дистрибуција и за производство на топлинска енергија може да се види дека се на врвот на листата должници на Министерството за финансии.

Во текот на минатата грејна сезона  Бислимовски рече дека ТЕТО околу два месеци не испорачувале топлинска енергија поради немање исплатливост и тоа знае да направи притисок врз цената, затоа што капацитети на ЕСМ, кои се преземени од Адора се послаби.

Исто така, причина за недоволно топли радијатори  е и тоа што грејната сезона се истурка без топловодот на мостот Беласица, но и зимата беше топла. Овој топловод минатата година беше причина да се одложи и носењето на одлуката за новата цена на парното.

Но, овие цевки се уште не се поставен, па се отвара прашањето дали и новата грејна сезона ќе започне без главната топловодна мрежа.

Новата цена на парното треба да се донесе до крајот на месецов, а да важи од први август.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе