Вести Македонија

Од кои книги ќе учат седмооделенците? Новите нема да стигнaт до 1-ви септември

Нови учебници за седмо одделение нема да има за новата учебна година. Иако пред една недела министерката за образование Весна Јаневска вети учебници за сите од 1-ви септември, денеска изјави дека нема време сите материјали да се испечатат пред стартот на школската година.

Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат. Не само што не се дадени во печат, огромен број од нив не се одобрени. Некои не се ни напишани, значи не е креиран учебникот. Некои не поминале рецензија. Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за во седмо одделение, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука. 

За надминување на овој проблем веќе неколку дена разговараат со Бирото за развој на образованието. Првично решение е оваа година да се смета за преодна година, односно учениците од седмо да учат од старите досегашни учебници, но прво ќе се изврши проверка дали тие одговараат со наставните програми.

Имаме образложение од Бирото дека се прилично компатибилни, освен за две до три теми за кои може да се направат наставни материјали. Доколку законското решение не дозволува ништо поинаку ние ќе ја одложиме концепцијата на извесен период за учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници, додаде Јаневска.

За ден-два ќе се знае конечната одлука за учебниците. Новата концепција на поранешната министерка Мила Царовска од 2021 година донесе нов наставен план според кој во основните училишта има по осум или девет задолжителни предмети и поголем број на изборни. Дали учениците ќе останат да учат по таа концепција или ќе има измени ќе се знае во иднина по разговорите на министерката Јаневска со Бирото за развој на образование.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе