Вести Македонија Најважни

Ќе се менува концептот за инклузивно образование – целта е постигнување еднаквост и недискриминација

Децата со посебни образовни потреби да не се препознаваат преку нивната дијагноза туку преку потенцијалите кои ги стекнуваат во образовниот систем. Овие ученици не треба да бидат предмет на сожалување туку да им се помогне да се осамостојат. Министерката за образование Весна Јаневска најави дополнување и измени на начинот на образование за децата со посебни образовни промени и зголемување на бројот на образовни асистенти.

„Во еден клас од 34 деца се труди државата да вметне по едно дете со посебни образовни промени, но некогаш има и по две или три деца, а на нив им треба посебно образование. За тоа ќе бараме посебно решение во правец на општински училишта со ресурсен центар. За децата со мулти хендикеп и за оние со повисока интелектуална попреченост предлагаме да останат посебните училишта“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука .

Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација сметаат дека потребни се повеќе образовни содржини за еднаквост. Потенцираат дека неопходни се промени во законот за основно и средно образование. Велат дека инклузивното образование е клучен предуслов за заштита од дискриминација.

„Од своето работење досега Комисијата има увидено сериозни системски проблеми на дискриминација во образованието, како асеграција на ромите, имаме и пресуда од страна на Европскиот суд за човекови права која треба да се спроведе, булинг заснован на различности“, вели Драгана Дрндаревска, Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Ваквите ставови беа изнесени на денешниот настан посветен на „Инклузивно образование“ на кој учество зедоа меѓународни експерти, претставници на домашни институции, меѓународни организации и универзитетски професори. Целта е да се создаде отворен форум за предизвиците во врска со еднаквоста и недискриминацијата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе