Вести Македонија

ЈСП демантира дека има долг кон приватните превозници, најавува тужби доколку прекинат да возат

Јавното сообраќајно претпријатие демантира дека Градот Скопје има било каков долг кон приватни превозници. Во попладневното соопштение од таму наведуваат дека приватните превозници имаат обврски кон град Скопје согласно потпишаниот договор, и нема никакви должничко доверителски односи. Јавното претпријатие исто така поднело и соодветна тужба поради клевети, континуирано креирање паника и вознемирување на граѓаните од страна на поединечни политички инструирани превозници.

Долг од 140 милиони денари во ЈСП кон приватните превозници нема. Моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони и редовно се исплаќаат авансни средства, а тоа не е сериозен проблем од причина што големи суми се побаруваат во континуитет поради големите трошоци за нафта, односно секој месев одприлика околу 35 милиони месечно се фактурираат од превозниците во континуитет, наведуваат од претпријатието.

Тврдат дека фактури за превозот кои дел од превозниците ги доставиле на 28.06.2024 година, по преглед од страна на службите во ЈСП било утврдено дека се неверодостојни исправи.

Додаваат дека доколку приватните превозници прекинат да им ја испорачуваат услугата на граѓаните ЈСП ќе поднесе тужби за надомест на материјална штета поради непочитување на договорните обврски.

Трета година по ред се работи на усогласување на приватните превозници со стандардите и пред секој истек на договор во обид да се избегне исполнување на еко стандардите, се јавуваат истите притисоци со цел да продолжат да сообраќаат со старите автобуси, обвинуваат од јсп.

Приватните превозници до петок ќе возат редуцирано, само до 10 часот утрината

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе