Европско „не“ за идејата на власта да ги распушти судскиот и обвинителскиот совет. Евроамбасадорот Дејвид Гир повикува на претпазливост. Иако е предизвикувачки да се преземат драстични чекори за да почне процесот од почеток, вакви потези, сами по себе, не се доволно ефективни. И порачува на власта да бара материјал за реформи во извештаите на Европската комисија на Оценската мисија на ЕУ и од скриниг процесот, распуштањето значи мешање во судството.
Ние со нетрпение очекуваме да ги дискутираме владините предлози за реформи. И додека ги повикувам властите да покажат политичка посветеност и амбиција, би сакал да додадам уште неколку зборови за претпазливост. Пред сè, иако предизвикувачки или дури и задоволувачки да се преземат драстични чекори за да почне процесот од почеток, вакви потези, сами по себе, не се доволно ефективни. Наместо тоа, реформите треба да усвојат поболен, но пристап кој на крајот ќе даде повеќе резултати, надградуван на она што е претходно постигнато, додека цврсто се решаваат недостатоците. Особено напорите за јакнење на владеењето на правото не треба да бидат правени на начин кој ќе го поткопа принципот на поделба на власта. На пример, распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, кажано на наједноставен начин, е мешање во незавиноста на судскиот систем и тоа ќе предизвика сериозна загриженост. Истото важи и за идејата за поделба на Академијата за судии и јавни обивнители, институција која сметаме дека треба да служи како гаранција за меритократија и непристрасност во судството. Очекуваме да разговараме за овие прашања со властите и со вас, засегнатите страни, порача евроамбасадорот Дејвид Гир.
Наместо колективна, претседателката на Судскиот совет се залага за индивидуална одговорност. Предупредува и на последици од евентуалното распуштање на ова судско тело.
Во период од распуштање на Судски совет, до конституирање на нов Судски совет, ќе настане еден вакуум период за кој, иако би бил краток од неколку месеци, сепак, постои опасност да застарат одредени постапки, што се иницирани од граѓани за несовесно постапување на одредени судии. Ако тие постапки се запрат и на некој начин се амнестираат оние нестручни и несовесни судии, за кои не можам да преjудицирам, дали во текот на овие постапки, исходот ќе биде на сите одговорност, во тој случај правдата нема да биде на страна на граѓаните. Тоа би било слична ситуација кога беа донесени измените на Кривичниот законик, каде огромен број на обвинети беа амнестирани. Не би сакала тоа да се случи и должна сум да укажам дека при донесување на нов закон треба да се внимава на последиците кои, за жал, би биле огромни, изјави Весна Дамева, претседатлека на Судски совет.
За најавите за распуштање на двата совета, новиот претседател на здружението на судии, Иван Џолев порача дека реформите во судството, другите власти да ги прават во консултации со судската.
На конференцијата посветена на спроведувањето на препораките на Оценската мисија на ЕУ, амбасадорката на САД рече дека овој извештај е патоказ за реструктурирање на Судскиот совет.
Пораката е јасна и не се менува. Работете ја работата која што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспарентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнеме за да стигнете уште понапред на својот пат, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД.
И претседатлеката на Врховниот суд, Беса Адеми смета дека успехот на реформите не зависат само од законските измени, туку од нивната имплеметација, интегритетот и етичко однесување на членовите на судски совет кои не треба да дозволат внатршени или надворешни влијанија.
Довербата во судството е вознемираувачки ниска и треба брзо да се подобри посочи амбасадорот на Холандија, Коп кој потсети и на незаконсото разрешување на Дамева, но и за спорните рангирања и гласање за судии и претседатели на судови.
Токму поради овие случувања пред една година во Скопје дојдоа експерти од ЕУ. Седумнаесет од 40-те препораките во извештајот на Оценската мисија се надлежност на Судскиот совет, а од таму денеска информираа дека со комуникациската стратегија и промената на деловникот дека голем дел се имплементирани. Останатите се на пат да ги реализираат.
Елена Ивановска Мукоска