Вести Македонија

Долгогодишниот директор на невладината МЦМС Сашо Клековски назначен за нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Владата на денешната седница за нов директор на Фондот за здравствено осигурување го назначи Сашо Клековски кој е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но е активен чинител во активностите на невладиниот сектор во Македонија.

Клековски е назначен за ВД директор на Фондот. Тој беше извршен директор на невладината МЦМС (Македонски центар за меѓународна соработка) од 1993-та до 2011-та година. Се уште е активен во невалдиниот сектор, но како претставник на бизнис секторот. Во јавноста е познат и како аналитичар на политичките состојби и на истражувањата на јавното мислење.

Од владата дадоа повеќе детали за неговата биографија во која е наведено дека „Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и МБА академска програма на УАЦС и има триесет годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор.“

-Основач е и член на органи на повеќе граѓански организации, а соработувал со голем број на граѓански организации, мрежи и платформи од различни подрачја. Прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија од 2007 година до 2010 година. Предавач на Факултетот за деловна економија и менаџмент на УАЦС на МБА студии по предметот Претприемнички финансии од 2013 до 2016 година, соопштија од прес службата на владата.

Сашо Клековски учествувал и со проекти и консултации и во јавниот сектор.

-Во јавниот сектор работел (Клековски) на подготовка на повеќе национални стратегии, како на пример првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 година и првата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011 година, како и на јакнење на капацитетот на институции, како што се Народен правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во приватниот сектор работел на стратешки анализи, како на пример Индексот за бирократија во 2020 и 2021 година и како консултант на реструктуирање на бизниси, соопштија од владата.

Фондот за здравствено осигурување располага со голем буџет кој треба да се користи за здравствените потреби на граѓаните, но многу често беше напаѓан и критикуван за корупција на врвот, како и поради судбината на граѓани кои иако бараа средства за лекување во странство, не добиваа поради бирократски правила и банални причини.

Фондот има двајца рамноправни директори, а на денешната седница беше соопштено само за изборот на новиот ВД директор.

Од друга страна, на владината седница беше реализирана и најавата за укинување на економските директори на клиничките центри и во болниците.

-Согласно измени на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Владата донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, односно ќе се укине постоењето на две управувачки позиции – организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите. На овој начин ќе се одбегне дуализмот и прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите. Исто така на овој начин се исполнува уште едно ветување од програмата на Владата, соопштија од владата.

Владата повторно ќе се оградува со метална ограда, одлучено е на денешната владина седница

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред две години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе