Вести Македонија

Да каже што се случувало пред и за време на пописот во Албанија – МНР го повика амбасадорот Марковски на консултации

Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е повикан на консултации со Министерството за надворешни работи (МНР) по објавување на податоците од тамошниот попис. Тој ќе треба да објасни што се случувало пред и за време на пописот, но и да каже какви насоки имал од МНР.

Во кусото соопштение на министерството се наведува дека заради итност, разговорот со амбасадорот Марковски ќе се одржи до крајот на неделава. Во меѓувреме продолжуваат реакциите на здруженијата и партиите на Македонците во Албанија.

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) тврди дека постои пописен фалсификат. Обвинуваат дека бугарските власти со поткуп и притисоци ги натерале Македонците да се декларираат како Бугари. Претставници на Македонците веќе најавија неформален попис за кој велат дека ќе ја покаже вистинската слика за македонско малцинство во Албанија.

Пописен геноцид врз Македонците во Албанија, бројките се манипулативни и нелегитимни – МАЕИ обвинува за груб фалсификат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе