Вести Македонија

ВИДЕО: Државното знаме на Македонија од врвот Кораб заменето со она на Албанија со шовинистички коментар на дебарскиот Тарзан

Извесен Изет Шулку пред два дена на социјалната мрежа Фејсбук објави видео на кое се гледа како го симнува знамето на Македонија и го менува со знамето на Албанија.

-Кораб е албански и таму нема место за македонското знаме, напишал Шулку на својот ФБ профил, покрај видеото.

На видеото се гледа како Шулку е качен на знакот каде е одбележан највисокиот планински врв во Македонија и го вади знамето на Македонија.

Шулку пред две години го искина знакот на македонски јазик на кој имаше информации за врвот Кораб. На тој пост беше напишано „Изет Шулку, дебарски и сеалбански патриот. Почит и благодарност, за Тарзан од Дебар, планинар и предизвикувач на природата!“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина по операција на камен во бубрег – стручен надзор во сите здравствени установи во кои се лекувала 32-годишна пациентка од тетовско

Дејан Дејан

Ако „злоупотреба за службената положба“ застари, да се одговори со продолжување на судската постапка – предлог на правниците

Дејан Дејан

Гир: Распуштањето на судскиот и обвинителскиот совет е мешање во независноста на судскиот совет и ќе предизвика загриженост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе