Вести Македонија

Пукање во скопско Батинци

„Форд Џип“ со италијански ознаки стои изрешетан на улица, хеликоптер го надлетува скопско Батинци, a специјалци на терен откако утринава се случи вооружен напад со автоматско оружје каде едно лице загина, а друго беше рането. Загинатиот е 34-годишник, додека повредениот е неговиот помал брат. Престрелката е пријавена во 09 часот и 25 минути во СВР Скопје.

Жители на Батинци за Телма тврдат дека синоќа меѓу 1 и 2 часот слушнале истрели од оружје во селото и не исклучуваат поврзаност со конкретниот инцидент. Жртвите во пукањето се жители на селото Црн врв. На местото на престрелката 34 годишникот веднаш им подлегнал на повредите, здравствената состојба на повредениот за сега е непозната.

Ова не е прв пат во скопско Батинци да има престрелка. Пред четири години, група од неколкумина предводена од повратник од Италија кој и е познат на полицијата нападна друга група која седела во чајџилницата. Еден мртов, тројца повредени и еден во бегство беше билансот од пукањето во селото Црн Врв.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здруженија за заштита на животни организираат протест пред МВР

Дејан Дејан

Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица

Дејан Дејан

Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе