Вести Македонија Најважни

Премиерот Мицковски не гледа ништо спорно кај министерката Божиновска која не го наведе бугарското државјанство во биографијата

За премиерот Мицковски нема ништо спорно што член на неговиот кабинет, министерката за рударство енергетика и минерални суровини Сања Божиновска, не навела во својата биографија дека поседува државјанство на Република Бугарија и Република Чешка. Законски нема никаква пречка министер да има двојно државјанство, но се доведува во прашање транспарентноста на министерот и Владата.

Мицкоски смета дека Божиновска не ја манипулира јавноста, но и дека станува збор за центри на моќ кои се обидувале да направат дефокус од работата на Владата.

Одговор побаравме и од министерката Божиновска која ни соопшти дека е на службен пат во странство и дека во државата се враќа во четврток.

Според податоците кои ги објави порталот „360 степени“ добиени од трговскиот суд во Загреб, министерката Божиновска во 2013 година пријавила дека има бугарски пасош односно државјанство а во тој период ја извршувала функцијата директор на филијалата на компанијата „Руднап“.

Ставот на министерката Божиновска кој деновиве го испрати писмено до медиумите е дека минатата година пасошот и истекол и не побарала продолжување како и дека побарала отпуст од бугарското државјанство без да прецизира дали постапката е финализирана и таа има официјален документ за отпуст од бугарската Влада.  Според Божиновска бугарскиот пасош и бил неопходен поради професионалните ангажмани во ЕУ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се крои и нова цена за парното, регулаторна ги доби барањата од компаниите за топлинска енергија

Дејан Дејан

Трајановски во ЈП за државни патишта, Клековски во ФЗОМ, Пандов во Управата за извршување санкции – шест институвии добија в.д. директори

Дејан Дејан

Од кои книги ќе учат седмооделенците? Новите нема да стигнaт до 1-ви септември

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе