Вести Македонија

Нека каже ВМРО-ДПМНЕ што за нив е национален интерес, ние сме подготвени да разговараме за сѐ, порача Филипче

Да видиме што за ВМРО-ДПМНЕ е национален интерес а ние сме подготвени да разговараме за било што, рече новиот лидер на СДСМ Венко Филипче коментирајќи ја изјавата на премиерот Мицкоски за подадената рака за соработка по прашањата од национален интерес. Филипче во вечерашната Топ Тема на Телма рече дека додека бил министер за здравство му понудил на ВМРО-ДПМНЕ заеднички да работат на проектот за нов клинички центар, но тие го одбиле и блокирале.

Нема поголем проект од национален интерес во сферата на здравството, па и генерално би рекол, од една нова болница, па ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што им беше понудено да го водат проектот преку контрола во Собранието и парламентарна група во која што тие ќе имаат мнозинство не го прифатија. Го блокираа и ние сега немаме нов клинички центар. Ако тој тогаш се прифатеше сега веќе еден од блоковите ќе беше пуштен во функција. Но, ние сме отворени да разговараме за било што, но ајде да видиме за што конкретно треба да разговараме, рече филипче.

Упати критики и за почетокот на работата на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ВРЕДИ и движењето ЗНАМ.

 Предлагаат проекти во енергетиката откако претходно блокираа други проекти кои што беа многу подобри и покорисни за државата. Го критикуваа проектот Чебрен во кој што државата требаше а има 30 посто сопственост а сега кажуваат дека треба да имаме капацитет да го направиме сами, а не некој друг да го прави. Сега предлагаат проект во небазна енергија, во ветерни електрани којшто го прави повторно странски инвеститор во кој што државата нема никаква сопственост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП демантира дека има долг кон приватните превозници, најавува тужби доколку прекинат да возат

Дејан Дејан

Тошковски: „Безбеден град“ ќе профункционира за многу брзо

Дејан Дејан

Тошковски: Очекуваме за два месеци издавањето патни исправи да го вратиме во нормалниот законски рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе