Вести Македонија

Ми требаше за деловни активности во ЕУ: Министерката за енергетика се чуди зошто се пишува за нејзиното екс-бугарско државјанство кога најавила битка против корупција во системот за производство и трговија со електрична енергија

Министерката за енергетика Сања Божиновска упати допис до јавноста во кое тврди дека веќе нема бугарски пасош и државјанство и поради тоа не го навела во официјалната биографија.

-Поради транспарентноста за која сите се залагаме на почеток сакам да појаснам дека првиот пат кога добив прашање од новинарите беше дали поседувам бугарско државјанство. Мојот одговор беше не, бидејќи процедурата за отпуст од истото беше финализирана од моја страна, неколку месеци пред воопшто да добијам можност да бидам министерка во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тврди Божиновска.

Нејзиното барање за отпуст од бугарското државјанство било прифатено, објаснува министерката, а сите неопходни документи предвидени во постапката биле соодветно поднесени.

-Дополнително, јас веќе ја информирав јавноста дека пасошот со кој располагав е со истечен рок на важност, а од моја страна никогаш не беше поднесено барање за негово продолжување. Ова говори повеќе од јасно за мојата одлучност да се откажам од бугарското државјанство, кое, како што посочив претходно, го поседував исклучиво заради моите деловни активности на територијата на ЕУ. Имајќи го сето ова предвид, јас навистина не би можела да наведам во биографијата дека поседувам бугарско државјанство и пасош, објаснува Божиновска.

-Од друга страна, сакам да истакнам дека, очигледно, поради актуелизирањето на прашањето во врска со македонско-бугарските односи, потпополно сум свесна дека ова има чувствителна природа и сакам да посочам дека целосно го разбирам интересот на новинарите и јавноста. Оттука останувам целосно транспарента и ја објаснувам ситуацијата веќе трет ден по ред, вели таа.

Во биографијата Божиновска освен бугарското не го навела ниту чешкото државјанство, објави 360Степени.

-Дозволете да изразам чудење дека темата за тоа какви дополнителни државјанства поседувам стана актуелна во моментот кога најавив дека бескомпромисно ќе се борам со корупцијата и криминалот и ќе направам ревизија на сите тендери и коруптивни зделки во делот на енергетиката, чии што негативни последици паднаа врз грбот на граѓаните, вели Божиновска која тврди дека ќе биде транспарентна доколку во нејзиниот ресор бидат откриени пропусти и злоупотреби.

Премиерот Мицковски не гледа ништо спорно кај министерката Божиновска која не го наведе бугарското државјанство во биографијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе