Вести Македонија

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

Сметам дека е навреда на членовите некој да смета дека некој може да им влијае на тоа како ќе гласаат, рече новиот претседател на СДСМ Венко Филипче во врска со обвинувањата дека изборниот процес во партијата бил нелегитимен. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Филипче ваквите обвинувања ги нарече некоректни и потценување на членовите на СДСМ.

Впрочем сите противкандидати загубија и во своите матични општински организации. И јас ја разбирам таа ситуација, знам дека се и емоции во прашање, беше кампања, избори, имаат луѓето различни очекувања. Јас сум човек кој што има многу широк демократски капацитет, подготвен сум да трпам критики, да под влијание на критики и други мислења ги моделирам моите политики и моите мислења, да направам една широка платформа, рече Филипче.

Ги повтори информациите соопштени од партиската централна изборна комисија, дека имало 51 жалба, од кои биле прифатени само 7.

Тоа е една бројка на луѓе која што апсолутно не може да го смени крајниот резултат. Сметам дека е некоректно тоа да се прикажува во јавноста како некоја дамка на целокупниот процес која што треба да е провлекува и понатаму во оваа ситуација во која што имаме многу поважни работи. Сметам дека резултатот претставува една убедлива разлика, навистина не сметам дека е коректно да се фрла дамка не само на процесот туку и да се биде некоректен и кон членовите кои што излегоа и го дадоа својот глас, рече Филипче.

Се осврна и на малиот број пријавени партиски членови за гласање на внатрешните избори. Нешто повеќе од 20.000 членови се регистрирале за изборите од вкупно 80.000 членови колку што има СДСМ, и според Филипче, тие уште во текот на кампањата за претседателските и парламентарните избори ставиле до знаење како се чувствуваат.

Ние се соочивме со ситуација и сценарио во која што околу 20.000 членови се регистрираа да гласаат, и тоа споредено со 80.000 членови е значителна разлика. Меѓутоа за време на кампањите, за време на разговорите изминатите месеци за време на претседателската кампања и за време на парламентарната кампања луѓето ја изразуваа својата разочараност, и луѓето многу отворено кажуваа зошто или нема да излезат на гласање и ќе ги бојкотираат изборите, или пак ќе одат и ќе го дадат гласот за некој друг политички субјект. Таа бројка на регистрирани гласачи, наши членови не треба да изненадува, рече филипче.

Филипче се осврна и на коментарот на поранешната министерка за одбрана и негова противкандидатка Славјанка Петровска која напиша: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија.

Тоа не е точно. Јас имам мој автентичен план како ќе ја водам партијата. Но, еве да го расчистиме тоа прашање, јас навистина имам одлични релации со Зоран Заев, меѓутоа имам одлични релации и со сите останати претходни претседатели. Со Димитар Ковачевски, со Радмила Шекеринска, со Владимир Бошковски. Сметам дека тие луѓе во еден одреден момент кога ја воделе партија навистина дале сѐ од себе, дале дел од себе и тоа е за секоја почит, рече филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП демантира дека има долг кон приватните превозници, најавува тужби доколку прекинат да возат

Дејан Дејан

Тошковски: „Безбеден град“ ќе профункционира за многу брзо

Дејан Дејан

Тошковски: Очекуваме за два месеци издавањето патни исправи да го вратиме во нормалниот законски рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе