Вести Култура

Над 5.000 посетители на ретроспективната изложба на Мирослав Масин од отворањето до денеска

Над 5.000 посетители во текот на месец и половина досега ја виделе ретроспективната изложба на извонредниот македонски сликар Мирослав Масин во Даут пашиниот амам. Со промоција на изданието „За мајмуните, рибите, птиците и животните, за жените и виното во уметноста“, за ликовното творештво на Мирослав Масин од професор Владимир Величковски, денес и свечено беше затворена изложбата за којашто уште многу ќе се говори.

Масин е осаменик кој со помош на сликарскиот традиционализам – се одбрани од иновациите на модернизмот, за да им се препушти потоа на своите интересирања и афинитети и во изборот на теми, и во начинот на кој ги обработуува, со селективен однос кон одделни струења во модерната уметност, како кај нас така и на поширок план, ќе забележи Величковски.

„Овде пред нас имаме сликар којшто упорно, настојчиво се бори за сопственото право на имагинација. Со еден збор има ли политика во тоа дека ја одбира природата како став, која исклучиво го интересира, затоа што во неговото ателје стои „Да, влезете слободно, но ниту збор за политика, ниту за фудбал“. Е немој фудбалот да го изолираш, нели“, изјави проф. д-р Владимир Величковски, историчар на уметноста и ликовен критичар. 

За Чанкуловска е интересно во ова издание, чиј автор е Величковски, што целокупниот творечки опус на Масин е компаративно анализиран со музиката, филозофијата и поезијата кои се инспирација за Миро Масин во одреден временски период.

„За оние теми кои како што кажува самиот наслов кои се инспирирани од животот и од реалноста на Миро Масин, бидејќи неговата реалност не е инспирирана од фудбалот и политиката, туку од животот и живиот свет“, изјава Маја Чанкуловска – Михајловска, кураторка на изложбата.

„Тој не е само сликар, тој е раскажувач, филозоф и светилник на инспирација за генерациите што доаѓаат. Неговата уметност служи како потсетник да трансформира, да нѐ поттикне, да нѐ обедини во нашата заедничка човечност, а тој како индивидуален пример покажува дека уметноста како професија и животна филозофија е можна“, изјава Дита Старова-Ќерими, директорка на Национална галерија.

Мирослав Масин, во чија творечка дејност се вбројуваат над 20 самостојни изложби во земјава и во странство, се заблагодари на целиот тим на Националниата галерија за организирањето на оваа изложба во свој стил:

„На отворањето реков, рековме за мојата маленкост, за 10-15 години да се видиме на некое вакво, слично убаво место. И пак ќе речам присуството е задолжително. Драго ми е“, изјави Мирослав Масин, автор на изложбата.

Во изложбата насловена „Подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“  се претставени 150 дела,  кои што го доловува богатиот експресионистички, ликовен свет на Масин, чија професионална кариера трае речиси 40 години.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нека каже ВМРО-ДПМНЕ што за нив е национален интерес, ние сме подготвени да разговараме за сѐ, порача Филипче

Дејан Дејан

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе