Вести Култура

Проблемот со протекувањето на кровот на Драмски театар ќе се решава по проценката на штетата

Проблемот со протекувањето на кровот на Драмски театар ќе се решава по пристигнувањето на резултатите од проценката на штетата, вели новиот в.д. директор Роберт Вељановски, откако вчера попладне под налетот на силниот дожд и ветер, многу вода навлезе на сцената, на местото каде се наоѓа главната електрична инсталација на театарот, во ходникот кој ги поврзува гардеробите на актерите и во самите гардероби.

Според Вељановски, објектот на Драмски е дотраен и вчерашната случка ќе била избегната доколку во 2017 година било прифатено решението за нова зграда, кое тој заедно со негов тим го изготви за време на претходниот мандат. Сега во Драмски е исклучена струјата на големата сцена, а откажана е подготовката на претставата со која требало да настапат на „Охридско лето“. Раководството преку новиот министер за култура и туризам испратило информација до владата за проблемот со кој се соочуваат и очекува позитивен одговор од денешната прва седница.

„Министерот за култура, г-нот Зоран Љутков, кој што произлегува од Драмски театар ќе ја проследи таа информација до членовите на владата. И деновиве ќе видиме колкава е штетата, што е настаната. Изборите завршија пред кратко време. Еден од проектите на новата влада е изградба на објектот на Драмски театар. Но, тоа нема да биде така брзо. Сега треба да се види тој проект. Можеби ќе треба да се ревидира нешто што беше во него. Можеби ќе треба да се дополни, нешто да се измени. Но, јас верувам дека и новата влада и министерот за култура и туризам ќе се заложат ансамблот на Драмски театар да не остане во вакви услови. Ние веројатно по проценката на штетите, ќе видиме што може да направиме“, вели Роберт Вељановски, нов в.д. директор на Драмски театар.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе