Ветеранот на американската филмска индустрија Бил Кобс, кој се појави во над 200 филмови и ТВ продукции за време на петдецениската кариера, почина во 91 година од животот.
Кобс почина во својот дом во Риверсајд, Калифорнија, потврди неговиот брат Томас.
Кобс е роден во Кливленд, каде и порасна. Имаше улоги во бројни холивудски продукции, како онаа на Смити во „Големиот скок на браќата Коен“, беше менаџерот на Витни Хјустон во „Телохранител“, играме во спортска драма на Скорсезе – „Бојата на парите“, во научно-фантастичната акција „Разбивач“, беше тренер во комедијата „Бади“, како и ноќниот чувар Реџиналд во франшизата „Ноќ во музеј“.
Учествуваше во бројни телевизиски продукции од кои за издвојување се улогите во „Сопранови“, „Западно крило“, „Шест стапки над земјата“, „Улицата Сезам“, „Добри времиња“, и други.