Вести Култура

Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“

Над 2о-ина дела слики, цртежи и графики на реномираниот македонски сликар Вангел Наумовски, самоукиот надреалист, во чија раскошна творечка дејност се опфатени над 30 самостојни изложби во светски рамки од вечерва се изложени во галеријата „Остен“. Секогаш креативен и актуелен, со автентичен и препознатлив ликовен израз надвор од уметничките трендови, вака ликовните критичари го опшуваат творечкиот опус на Наумовски. Во поставката се опфатени четири фази од неговото творештво.

Можам да кажам дека можеби се три поводи: Како прво Советот на амбасадори на „Остен“ на Вангел Наумовски и неговото творештво ја доделува наградата Светко културно наследство на Остен биеналето 2024 и тоа фантастично се совпаѓа со 100 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски и 100 годишнината од појавата на надреализмот, рече Корнелија Конеска од галријата „остен“.

Роден во охридското село Скребатно во 1922 година., се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен со образложение – „неталентиран“, за потоа да следат неговите изложби во Париз, Рим, Лондон и Њујорк. Во 1970- та година  Салвадор Дали при посетата на изложбата на Наумовски во Париз во галеријата „Мона Лиза“ ќе рече:Тој е сликар од бајките, префинет и суптилен. Неговото сликарство е блиско до моето. Мене не ме интересираат обичните наивни сликари. Кај Наумовски има елементи кои можат да бидат и научни, стои во монографијата за Наумовски.

Мојоот татко беше против ставот дека Париз или Лондон треба да се донесат во Македонија, туку Македонија да ја однесеме во светот, вели неговиот син уметникот Рубенс Наумовски.

Оваа мисла поконкретно ја толкувам за носење на стил и манири од Париз, од париската школа или која било друга школа, што секако е за почит како школа. Но, секогаш ценеше дека ние имаме толку големо изворно богатство во современото сликарство и во сите уметности воопшто, може толку многу од овој „извор“ да излезе како материјал преточено во современи ноти, современи сликарски изрази.  Тоа му беше поентата. Со некои работи не можеше да се помири, пред се со судбината на Македонија. Од се најмногу му тежеше што ќе биде со Македонија, рече наумовски. 

Делата на Вангел Наумовски ќе бидат изложени во галеријата Остен до 30 август.  Во колекцијата на „Остен“ се наоѓаат вкупно 65 негови дела.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северномакедонци се сменети со Македонци – Албанија ја корегира грешката во пописните резултати

Дејан Дејан

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Дејан Дејан

Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе