Вести Македонија

Ристовски: Најважно од сѐ е дека постои министерство за спорт и ќе го градиме тула по тула

Со самото формирање на министерство за спорт дадовме до знаење дека сме подготвени да го вратиме спортот на пиедесталот на општеството, порача новиот министер за спорт Борко Ристовски во вечерашната Топ Тема на Телма.

Министерството започна со работа во истите канцеларии што ги имаше Агенцијата за млади и спорт, рече министерот посочувајќи дека започнуваат да го градат речиси од нула.

Инфраструктурно не можеме многу да се гордееме од каде почнуваме како министерство, но ништо не доаѓа лесно и во животот и во професијата. Почнуваме речиси од нула, меѓутоа најважно од сѐ е дека постои министерство за спорт и ќе го градиме тула по тула, рече министерот Ристовски.

Признава дека ова не е големо министерство за почеток, но ќе мора да биде поставено на вистински здрави основи за да може да функционира.

Треба да креира политики, политики коишто значат поставување стратегија во кој правец ќе се движи спортот во Македонија, дали ќе се одлучиме за повеќе внимание во индивидуални спортови или колективни. Да направиме една градација на спортовите и да донесеме вистински стандарди по коишто ќе се наградуваат спортистите, спортските екипи, федерациите, индивидуалците итн, рече ристовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ утре избира нов лидер на партијата, право на глас имаат околу 23 илјади членови

Дејан Дејан

Откажете се од изборната трка – „Њујорк тајмс“ со порака до Бајден

Дејан Дејан

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе